Инфо

Центарот за вработување на Град Скопје заедно со граѓанскиот сектор се вклучи во реализација на оперативниот план на владата за спроведување на мерки и програми на пазарот на труд за 2017 година

Центарот за вработување на Град Скопје ги покани сите здруженија, невладини организации и други форми на здружување кои што работат со таргет група жени, за спроведување на активните мерки на пазарот на трудот односно можноста за искористување на услугите за самовработување на жените и други мерки од мотивациски облик со цел да се постигне економско јакнење на жените и нивно вклучување на пазарот на труд за 2017 година.

среда, 22 февруари 2017

Жените имаат многу значајна улога во опшеството. Многу е битно една жена за да може да се реализира да биде вработена, економски стабилна, самостојна и независна. Во изминативе 10 години целосно се смени сликата и улогата на жената. Конечно и се даде шанса да биде дел од различни политички, државни, менаџерски и останати управувачки функции и тела.. Ние, жените во Р.М носители сме на многу битни и одговорни функции, се бориме за своите права и истите ги добиваме. Сакам да истакнам дека кај жените е зголемен претприемничкиот дух и се повеќе жени отвараат сопствени бизниси, досега со поддршка на стимулативна мерка од страна на Владата во период од 2007-2016 година над 3109 жени станале претприемнички. Или нивното учество во вкупно отворените бизниси е над 37%, тоа е голем напредок но сеуште вложуваме напори да биде подобро. Сакам да истакнам дека се донесе 11 по ред Оперативен план за активни мерки и услуги за вработување со 22 програми и мерки за вработување и 11 услуги на пазарот на трудот, а вкупниот број на учесници во сите предвидени активности се очекува да надмине 41.000 лице, кој ќе отвори над 10 000 нови работни места и во кој што документ е обезбедено учество на жените со минимум 30% , но досегашните резултати покажуваат дека целокупното учество на жените земајќи ги во предвид сите заедно активни мерки во период 2007-2016 година е над 45%. Овој документ се носи од 2007 година и преставува сериозен исчекор кон напредок. Со вакви политики за вработување дури и во услови на наметната и вештачки креирана политичка криза успеавме да ја намалиме невработеноста од рекордно високи 38% во 2005 година на рекордо ниски 23.4% во третиот квартал од 2016, со тенденција на опаѓање до 18% во 2020 година. Економско јакнење, зголемена вработливост, нови работни места, матријална сигурност се основните постулати кои ја зајакнуваат позицијата на жената, додека пак личниот и професионалниот успех не прават среќни. Патот до успехот не е лесен но желбата за успех е водилка која ги надминува сите препреки. Затоа континуирано продолжуваме кон креирање на подобри политики и услови за развој на овие постулати.За среќни и успешни жени во Р.М.

На иницијатива на Центарот за вработување на Град Скопје се поканети сите здруженија, невладини организации и други форми на здружување кои што работат со таргет група жени. Имавме повик до граѓанскиот сектор за заедничка соработка, како и поддршка и вклучување во Оперативниот План за активни мерки и програми и услуги на пазарот на труд за 2017 година. Сакам да се заблагодарам на одзивот на присутните, со кој што денес на отворен дијалог заеднички ќе најдеме можности за соработка и ќе превземеме активности за зголемено учество на жените во сите активни мерки, ќе слушнеме позитивни и негативни критики, како и предлози со цел да помогнеме на сите невработени жени кои што бараат работа.

Сите заедно во рамките на своите надлежности, ќе соработуваме за потребите на сите невработени лица-жени, како и за потребите на жените претприемачи, со цел - соработка во областа на промоцијата, поттикнувањето и омасовувањето на женското претприемништво и лидерство, како и поголема застапеност на жените во искористување на активните мерки и политики, како и сите услуги кои се нудат на пазарот на труд од Оперативниот план за вработување за 2017 година.

Примарна задача е да се постигне економско јакнење на жените и нивно вклучување на пазарот на труд.

Со ОП се опфатени жени од сите возрасни категории, како и сите целни групи, посветувајќи особено внимание кон ранливите категории и лицата со посебни потреби.


Области на соработка во кои што ќе се насочиме се

• Организирање на заеднички и индивидуални обуки, трибини, едукативни средби исоветувања,(секој во доменот на своето делување), со цел зајакнување на вештините и капацитетите на жените.

• Организирање на заеднички и индивидуални средби во различни мотивациски облици, кои имаат за цел да ја подигнат свеста кај жената за нејзино вклучување на пазарот на труд, проактивна ориентација на пазарот на труд и зголемување на нејзинатаконкурентност на пазарот на труд.

• Вклучување на жените во активните мерки и програми за вработување .

• Поддршка на жените од руралната средина, поттикнување на жени фармери и вклучување на жените во земјоделски сектор.

• Поттикнување на занаетчиство кај жените. Во ОП за 2017 год има мерка обука за стекнување на вештини од стари занаети во траење од три до 6 месеци за 60 невработени лица.

• Заедничка организација на настани на значајнитемиодзаедничкиинтерес, заради размена на искуства и добри практики.

• Промовирање и поттикнување на женското претприемништво и женското лидерство и нивната улога во македонската економија.

• Промовирање и поттикнување на менторство, како и вклучување во on line менторска платформа.


• Развивање на зеднички систем, каде што успешните жени-менаџери ќе учествуваат во едукација и советување на помладите, почетници жени-менаџери.


• Разменана информации, статистикаи останати активности од заедничкиинтерес.

Сакам да напоменам дека е објавена мерката за самовработување за 600 невработени лица каде што ќе направат заеднички напори да се потикнат што повеќе жени да отворат сопствени бизниси. Со ОП за 2017 година над 7200 лица ќе поминат низ различни видови на обики каде што ќе охрабриме многу жени да учествуваат и да станат оконкурентни на пазарот на труд. Ќе следуваат грантови за градинки и старски домови. Брзорастечки компании-Газели ќе се поддржат со грант. Поддршка на мали и микро претпријатија со неповратни сретства за купување на опрема, преку која што мерка ќе се вработат 200 невработени лица,мерката Практиканство, законската можност МКД2 и уште многу други поволности и мерки, како и услуги кои што ги реализира АВРМ.

Присутни,
Здружение на бизнис жени на Р.М., Здружение наженименаџери ЕЛИТ, Мрежа на менторки, Северозападна комора на Република Македонија, Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, Федерација на фармери на Република Македонија,ССК на Р.М. , Марили ДООЕЛ, Македонски Центар за женски права-Шелтер Центар, Занаетчиска комора на Р.М.,со седиште на ул. Битпазарска.

 

 

 

Содржината е прочитана 588 пати.