Инфо

Вечери на женски права

Од утре /04.03.2017 година, сабота/ до 9 март со одржување на голем број на активности на повеќе локации ќе се одржи осмото издание на „Вечерите на Женски Права“.

петок, 03 март 2017

 

Од утре /04.03.2017 година, сабота/ до 9 март со одржување на голем број на активности на повеќе локации ќе се одржи осмото издание на „Вечерите на Женски Права“.

И оваа година во рамките на Вечерите на Женски Права ќе бидат прикажани проекции на документарни филмови, изложби, работилници, форум театар и дебати. Дел од програмата за овие денови се четирите документарни филмови, режирани од жени од цел свет, кои поттикнуваат дискусии и критички размислувања за улогата на жената за време на криза. Настанот вклучува тематски дискусии со: режисери на документарните филмови, локални активисти, експерти и целата јавност која е засегната од проблематиката - родова (не)еднаквост.

Целата програма за осмото издание на Вечерите на Женски Права може да ја најдете на следната интернет врска: http://www.womensrightsnights.net/program-2017.html

Вечери на женски права (ВЖП) е настан кој традиционално се организира од 2010 година. Настанот, секоја година се одржува во Скопје, на различни локации како МКЦ, Кинотека на Македонија, Градско кино Милениум, Музеј на град Скопје и други. ВЖП 2017 нуди алтернатива за прославување на Меѓународниот ден на жената - 8 март. Имено, преку уметност, филм и музика, Вечерите поттикнуваат мажите и жените да размислуваат критички за родовата нееднаквост и да оддадат почит на досегашните достигнувања.

Настанот „Вечери на женски права“ е резултат на соработка помеѓу Град Скопје, UN Women, Институт за родови студии при Филозофски факултет на „Универзитет Кирил и Методиј“ и „Унивeрзитет за Аудио-визуелни уметности – ЕСРА“, Скопје. Оваа година настанот е во организација на Центар за истражување и креирање политики – ЦИКП Скопје.
 

Содржината е прочитана 378 пати.