Инфо

Македонија2025 организира Отворен ден за едукативни програми и можности за стипендии

Во среда, 15 март, Македонија2025 организира Отворен ден за едукативни програми на кој ќе бидат претставени неколку програми за целосно студирање, програми за усовршување на вештини во деловниот свет и управување со компании, како и можности за стипендирање на истите.

вторник, 14 март 2017

Првиот дел на настанот ќе ги претстави програмите што ги овозможува Одборот за едукација на Македонија2025 во соработка со неколку видни универзитети во САД и Канада. Во овој дел ќе бидат претставени програмите на школото за бизнис и менаџмент Келог, центарот за едукација на извршен кадар Шулух, Лидер Проект на школото за бизнис Ричард Ајви и програмата за претприемачи на Џон Битов. Вториот дел на настанот ќе биде посветен на програмата за додипломски и постдипломски студии на Руската претседателска академија во Москва, РАНЕПА.

Дел од поранешните учесници на едукативните програми на присутните ќе им го претстават своето искуство, а членот на Клубот на лидери на Македонија2025, Никола Ќурчиски и висок претставник на РАНЕПА, ќе ги претстават разновидните можности за стипендирано студирање во оваа институција.

Настанот ќе се одржи во Бизнис центарот на Скопски саем, а регистрација на присутните ќе започне во 10:30 часот. Заинтересираните можат да го пријават своето учество на следниот линк https://goo.gl/forms/p6xeklbqSHvLJhyi2.

Содржината е прочитана 364 пати.