Инфо

Награди за тематскиот ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 29.03.2017 година во Мултибизнис центарот на Скопски Саем со почеток во 12.00 ч.

На тематскиот ден „ Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 29.03.2017 година во Мултибизнис центарот на Скопски Саем со почеток во 12.00 ч. ќе бидат доделени 176 награди од компаниите учеснички за сите посетители, а влезницата е бесплатна. На крајот на тематскиот ден во 19.00 ч. ќе се направи наградно извлекување и ќе се доделат наградите.

вторник, 21 март 2017

Агенција „Марили“ по трет пат го организира тематскиот ден „Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 29.03.2017 година во Мултибизнис центарот на Скопски Саем со почеток во 12.00 ч. И оваа година за посетителите на тематскиот ден се обезбедени голем број подароци од областа на козметологијата, дерматологијата, бизнис психологија, стоматологија, фармација, здрава храна, мода, туристички патувања и др. На крајот на тематскиот ден во 19.00ч. ќе се направи наградно извлекување на сите влезници и ќе се доделат награди, а за оние кои нема да бидат присутни на наградното извлекување ќе има дополнителна информација на порталот на агенција „Марили“ со сите добитни броеви од влезници и ќе може да се подигнат наградите во рок од 15 дена од денот на објавување на списокот на сите добитници.
Подароците кои ќе бидат доделени на крајот на тематскиот ден се:

Арс Луцида - 10 ваучери за индивидуални сесии од различен вид со 20% попуст на цената на истите.

Модeн консалтинг-House of style- Снежана Богдановска Сани – 2 едукации (лични модни советувања)

Хотел Фламинго – Гевгелија, ваучер за двајца – хотелско сместување

EQ Excellence – 3 ваучери со 25% попуст за учество на работилница СИЛНАТА МОЌ НА ЖЕНСТВЕНОСТА. Тренингот ќе се одржи на 5ти Април.

Дерма Бела – 3 ваучери за : Подмладување со мезотерапија - пептиди од Ботокс, Класичен третман за чистење на лице, Детокс третман на тело - LPG Ендермолошки третман

Тесори ди Маре – 5 подароци – 4 x козметика на природна база и 1 рачно изработен уникатен накит

Preciosa – ваучери со попуст за накит и украси од чешко стакло:3 * 30% попуст; 5* 20%попуст; 7* 10% попуст

Alea / Pharmamed - 4 луксузни креми за самопотемнување за бронзен тен и една ексклузивна дрвена кутија со сет чаеви од Pharmamed

Prive – 2 ваучери за кислорорен третман на лице

БИОкулт – 10 ваучери во вредност од 600,00 ден.

Реплек Фарм ДООЕЛ – 15 производи ( козметика и др.)

Др ВАИС – 3 прегледи – скенероскопски преглед на лице, коса и стопала

Афродита С - 10 ваучери за: релакс масажа, надградба на нокти, третман на лице, третман за оксигенизација на лице, радиофрекфенција –лифтинг на лице, третман на тело Body Slimmer 30мин. ,третман за слабеење-кавитација, свечена фризура, професионална шминка и шишање и фенирање.

Др. Горица - 5 Дермоинфузии; 5 Дијамантска микродермоабразија; 3 Хијалурон третман; 5 Дерматоскопски прегледи

Слоуфуд – 5 производи од асотриманот на Г-ѓа Мирјана од Слоуфуд ( мармалад од шипка, слатко од капина и и сокови)

Вардар Експрес – 20 ваучери со попуст 5 или 10 % (во зависност од услугата)

Шери Лејди – 2 ваучери за професионална шминка

Jeunesse - Luminesce средство за чистење на кожата

Натура - 10 поклони од асортиманот на здрава храна од „Натура“

Охридска банка
Data bank, тефтер и календар
Термос, тефтер и календар
Новчаник за картички и визит карти, тефтер и календар

Бимек – 3 пакетчиња Медела (грижа за гради, сет за складирање на мајчино млеко, сет за хранење)

Мисс ЕН - 5 anti age креми од линијата Auriege, и 5 ваучери за третмани ( шминка, третман на лице и третмани на тело)

СВ Компани – 15 производи (за нега на коса од линијата Jungle fever, i производи за нокти и кожа од брендот Cuccio)

Дента ЕС - 5 ( 3 третмани – белење на заби, 2 третмани - дијамант на заб)

 

 


 

Содржината е прочитана 657 пати.