Инфо

Ден на финансиска едукација во Македонија

Во организација на Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија денеска во Градскиот парк во Скопје ќе биде одбележан „Денот на финансиска едукација“

понеделник, 08 мај 2017

Во организација на Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација во Македонија денеска во Градскиот парк во Скопје ќе биде одбележан „Денот на финансиска едукација“.

Целта на настанот е да придонесе кон јакнење на општата свест за тоа колкава е потребата од финансиска едукација и кои се придобивките од таквото знаење.

На настанот се поканети претставници од релевантни институции во земјава, ученици од основните и средните училишта, студенти од Економскиот факултет во Скопје и од Центарот за претприемачко учење.

Координациското тело на регулаторните институции за финансиска едукација е составено од Народната банка на Република Македонија, Министерството за финансии, Агенцијата за супервизија на осигурувањето, Комисијата за хартии од вредност и Агенција за супервизија на капитално финансираното пензиско осигурување.

(Преземено од МИА)
 

Содржината е прочитана 360 пати.