Интервјуа

Сто отсто органските производи од печурки на „Миконутри“ се користат од превенција до палијатива

Интервју со Невенка Росоманова, генерален менаџер на „Миконутри“ во кое укажува на значењето на печурките и на додатоците во исхраната од печурки, говори за застапништвото на „Миконутри“ на англиската „Mycology Research Laboratories“, за одличните ефекти што ги даваат овие препарати за заштита од разни болести меѓу кои и од канцер

понеделник, 04 февруари 2019

МАРИЛИ: „Миконутри“ е ексклузивен увозник и дистрибутер на додатоците во исхраната од печурки со сертификат за 100 отсто органски производи. Што се нуди Вашата компанија и по што тие се разликуват од останатите што можат да се најдат на пазарот?
РОСОМАНОВА:
„Миконутри“ е ексклузивен застапник за Македонија и пошироко во регионот на англиската фирма „Mycology Research Laboratories“. Нашите 100% органски производи се биомаса од лековити печурки. Тоа значи дека овие производи содржат млад плод и мицелиум од печурките. Ова е една од позначајните карактеристики на овие производи. Токму овој состав, целата габа, овозможува вистинска синергија за да се постигнат и здравствени ефекти, а притоа како да конзумирате тукушто набран плод од природата. Нашите печурки се култивираат според сопствен патент, а поседуваат GMP и GAP стандарди. Производите се во форма на таблети и на прашок, што овозможува целосна апсорпција на состојките. Најзначајното и најважната разлика на овие производи е што, спаѓаат во групата на додатоци на исхрана, редовно се спроведуваат клинички испитувања. Резултатите се извонредни. Ова, всушност, претставува додадената вредност и предност во однос на квалитетот.

МАРИЛИ: Вашите производи се во форма на таблети или на прашок, но во нив се содржат активни состојки за подобрување на имунитетот, зголемување на антиоксидансите и исфрлање на отровите од телото, што е предуслов, пред се, за заштита на организмот од разни болести. На што конкретно влијаат производите на „Миконутри“?
РОСОМАНОВА
: Богатиот состав на печурките овозможува нивно користење од превенција до палијатива. Затоа често ги нарекуваат „моќни печурки”, а имаат и народни називи: печурка на бесмртноста, еликсир на животот, дар од Бога, итн. Најпожелно е да зборуваме за превенција. Подобро да се спречи отколку да се лечи. Но, кај нас почесто ги користат за здравствени потреби. Првенствено, тие го подобруваат имунитетот. Така, организмот подобро ќе се избори со секоја состојба. Секоја печурка, пак, има одредени својства, докажани и преку клиничките студии, коишто се посоодветни за одредени состојби. Опсегот е прилично широк: алергии, астма, дијабет, холестерол, притисок, бактерии, вируси, белодробни, кардио-васкуларни, кожни, невро-дегенеративни, гастро-интестинални, ревматични и автоимуни заболувања, црн дроб, канцер, бубрези, уринарен тракт, итн.

МАРИЛИ: Печурките се користат илјадници години како здрава храна. Но, колку работата со вакви додатоци во исхраната, од аспект на сертификација и контроли е сложен бизнис во нашата земја?
РОСОМАНОВА
: Сертификацијата за 100% органски производи ја врши производителот во ЕУ, а тој процес опфаќа разни видови анализи. Од аспект на регистрација на додатоците во Република Македонија, процесот е поедноставен, бидејќи се работи за додатоци на исхрана со потекло од ЕУ. 

Се поднесува целокупната документација за квалитетот на производите и т.н нотификација од релевантна институција од земја-членка на ЕУ до Агенцијата за храна и ветеринарство на РМ, од која се добива мислење за увоз и за ставање на производите во промет. Контролата редовно се врши од страна на производителот за секоја серија, но и Агенцијата врши контрола на увезените производи за да се оцени веродостојноста на квалитетот во поднесената документација.

МАРИЛИ: Дали македонските граѓани се свесни за улогата на печурките во исхраната и каков е интересот за Вашите производи, со оглед дека тие не спречуваат, не третираат, ниту, пак, лечат одредена болест?
РОСОМАНОВА:
Мислам дека сé повеќе се осознава за потребата од внесување на печурките во исхраната. Знаат дека може да се замена за месо, па оттука и колку се потребни. Нутриционистите без исклуок ги препорачуваат. Природата ни дала здрава храна. Да потсетам и на Хипократовата: „Храната нека биде вашиот лек“. Но, граѓаните не се доволно запознати што сé содржат печурките и оттука како здравствено би им помогнале.  Сепак, во нашето 6-годишно искуство успеваме да ги доближиме својствата на печурките до граѓаните, а веќе имаме одлични резултати и повратни информации од корисниците. Потоа, позитивните ефекти меѓусебно си ги пренесуваат. Освен личните искуства на корисниците, ја заинтересиравме и медицинската страна. Презентираните клинички искуства од светот веќе се официјализирани и кај нас, на пример, печурката „Кориолус-МРЛ“ (докажана 90 процентна успешност во третирањето на ХПВ-вирусот) е дел од Препораките на ХПВ здружението на РМ. Преку сето ова, вклучувајќи го и сигурниот квалитет на производите, интересот е во нагорна линија. Инаку, ниедна состојка не гарантира 100 отсто успех. Затоа реченицата дека „не спречува, лечи или третира” се користи да им се укаже на потенцијалните корисници дека никој не може да потврди 100 проценти успешност за нивната состојба. Но, затоа се прават испитувања, каде пак печурките водат во резултатот, колку што ми е досега познато, за подобрување на имунитетот, за олеснување на одредени состојби, нивна примена како дополнителна терапија, итн. Во секој случај, не може да наштетат, напротив. 

МАРИЛИ: Од каде е интересот да се занимавате со печурките и да им помагате на луѓето преку овие препарати да ја подобрат сопствената здравствена состојба? 
РОСОМАНОВА:
Од секогаш сум имала интерес да студирам медицина со цел да им помагам на луѓето. Но, тоа не се случи. Подоцна, увидувајќи дека имунитетот е важно прашање, д-р Бобан Лазаревски ми укажа дека печурките се примарни во подобрување на имунитетот. Д -р Ѓорги Костадинов ми ги посочи токму овие производи како признаени, сигурни и клинички испитани, акцентирајќи го „Кориолус-МРЛ“ за ХПВ-вирус. Знаејќи ја инциденцата на ХПВ-вирусот кај нас и непостоењето на ваков вид на производи кои може значително да ја подобрат здравствена состојба, се вратив на својата желба за медицина, со голема поддршка од сопругот. Драго ми е што имам можност да се занимавам со печурки кои помагаат за здравствена состојба на луѓето и што тоа може медицински да се потврди. Потоа следеше изучувањето на другите печурки како „Реиши“, „Кордицепс“, „Чага“, „Маитаке“, „Херициум“, „Шиитаке“, „Буковка“, „Копринус“ и др.

МАРИЛИ: Колку е напорно да се биде жена менаџер во овој бизнис, со оглед дека сте застапник на англиски бренд. Како ја градите довербата кон нив, кои се најголемите предизвици, но и сатисфакција во Вашата работа?
РОСОМАНОВА
: Генерално, не правам разлики помеѓу маж и жена во работењето, но, за овој бизнис сметам дека е посоодветен за жена поради природата на производите. Довербата се гради постепено, а за тоа постојат повеќе фактори: проверен квалитет на производите, сопствено познавање на производите, позитивните резултати од спроведените клинички испитувања, разговор со корисниците, позитивен пристап кон нив за нивните состојби и волја да им се помогне, споделувајќи информации кои може да им користат. Успеавме да покажеме дека печурките помагаат за здравјето и да ја внесеме печурката, барем во еден вид на третирањето на состојби како ХПВ-вирусот, но, предизвик ми е да се направи клиничка студија и во Македонија за друга состојба којашто може да се третира со печурките. Најголема сатисфакција ми претставува кога ќе добијам повратна информација од корисниците за квалитетот на производи и како тие им помогнале во надминување или олеснување на здравствените проблеми кои ги имале и воопшто нивната состојба.

 

Содржината е прочитана 313 пати.