Бизнис каталог

Бизнис каталог 2019 / зимско издание

Пред вас е зимското издание на Бизнис каталог на Република Македонија за 2019 година што со себе ги носи стремежите на нашата земја за европски лик на општествен и на економски план.

Пред вас е зимското издание на Бизнис каталог на Република Македонија за 2019 година што со себе ги носи стремежите на нашата земја за европски лик на општествен и на економски план.

Со воведот „Мултиетничкиот белег на Македонија вграден во европската културна ризница“ го отсликуваме овој стремеж и на културен план.

Каталогот останува посветен и на промоцијата на најдоброто од Македонија преку голем број интервјуа со менаџери на успешни компании, врвни уметници и спортисти. На неговите страници се говори и за општествената одговорност на компаниите и за наградите со кои може да се гордееме во бизнисот и регионално.

Каталогот, како ексклузивен и единствен примерок од ваков вид, останува неизбришлив сведок на едно време низ кое минува нашата држава. Достапен е во бизнис и во вип-салоните на аеродромите ТАВ во Македонија, во амбасадите, конзулатите, хотелите и во широката продажна мрежа. Каталогот електронски се листа на порталот на агенцијата „Марили“ www.marili.com.mk, а со него комуницира и нашата дијаспора, која во делот на промоцијата, исто така, е присутна на страниците.

Нашата порака е дека сме искрено посветени на размената на информации и на подобрувањето на комуникацијата меѓу деловните субјекти и се надеваме дека бизнис-заедницата во Европа и во светот и нашата дијаспора ќе дојдат да инвестираат во економијата во Македонија. Веруваме дека севкупноста на проектот ја подобрува перцепцијата за нашата земја како европски ориентирана кон културните и бизнис- можностите.