Култура

Прличеви беседи во Сиднеј

среда, 13 февруари 2019

Македонското литературно друштво „Григор Прличев“ од Сиднеј во својата истоимена библиотека на 8 февруари ги одржа своите традиционални Прличеви беседи.

Беседите беа отворени со рецитирање на извадоци од поемата „Сердарот“, а присутните се присетија на златноносецот Прличев кој иако поткупуван, клеветен и омаловажуван остана во Македонија да го предава македонскиот јазик по училиштата, да подготвува граматика и да преведува на мајчиниот јазик.

Како што објави порталот „Публицитет“ наа Беседата присуствувала и долгогодишниот дописен член на Друштвото од Сиднеј, поетесата Лилјана Стоилковска Андовска од Шведска, која се престави со песна посветена на Прличев и Македонија, „По Беседата Прличева“. А, поетите Иван Трпоски, Марија Александрова, Ванчо Саиловски, Перо Дамчевски – Коцин, Цане Ѓуровски и Душан Ристевски настапиле со своја поезија посветена на Македонија.
 

Содржината е прочитана 71 пати.