Култура

Доколку сакате да ја збогатите својата библиотека, повелете на ДАМА-ДА, на штандот на „Матица“

На тематскиот ден ДАМА-ДА што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот издавачката куќа „Матица Македонска“ ќе изложи бројни наслови од светски и домашни автори кои ќе можат да се купат со саемски попуст

петок, 15 март 2019

Доколку сакате да ја збогатите вашата домашна библиотека, повелете на тематскиот ден „ДАМА-ДА-Здравјето и убавината во функција на современата жена“ што ќе се одржи на 30 март во Дом на АРМ од 10-16 часот. На овој целодневен настан издавачката куќа „Матица Македонска“ ќе учествува со свој штанд на кој ќе бидат изложени бројни наслови од светски и домашни автори, коишто ќе можат да се купат по многу пристапни цени, со саемски попуст.

На денот посветен на дамите, ДАМА-ДА, издавачката куќа „Матица Македонска“ ќе присуствува со наслови од повеќе жанрови: трилери, драми, историски, љубовни романи, популарна психологија и детска литература.

Изборот на книги ќе биде навистина голем, а меѓу нив се и насловите кои треба задолжително да ги имате во вашите домови, а се моментално се топ 5. Тоа се „Полноќна роза“, „Човек во лавиритот“, „Куферот од Берлин“, „Мраз студено“, „Девојките од платната“.

„Матица“ е македонска издавачка куќа формирана во 1991 година од страна на поетот Раде Силјан, кој потоа бил и нејзин директор. Со текот на времето книгоиздавателството прераснало во една од најголемите издавачки куќи во Македонија, чии книги, денеска се застапени во речиси сите книжарници во земјава.

Во своето речиси тридецениско постоење „Матица“ има објавено повеќе илјади наслови од сите области на општественото живеење притоа соработувајќи со над 3.000 автори, како светски, така и домашни.

Мисијата на „Матица“ е преку читањето да им го подобри психичкото здравје на луѓето, да им го намали стресот и да им ја подобри концентрацијата, но и интелегенцијата. Истовремено, целта е да го поттикне критичното размислување и да го збогати социјалниот живот на граѓаните.

Оттаму и максимата „Кога ќе видите човек без насмевка, подарете му книга!“
 

Содржината е прочитана 244 пати.