Инфо

Во Швајцарија просечната плата е 4.370 евра, во Македонија само 370 евра

вторник, 09 април 2019

Во Европа највисоки плати имаат жителите на земјите што не се членки на ЕУ, кај оние од Унијата просечната плата е за речиси илјада евра пониска, додека, пак, балканските држави се речиси на самото дно, покажуваат последните податоци од истражувањето нас „ Еуростат“. Така, според истражувањето, највисоката плаа се исплаќа во Швајцарија, дури 4.370 ерва, додека во Македонија таа е само 376 евра.

По Швајцарија следуваат Исланд со 3.568 и Норвешка со 3.310 евра. Од земјите членки на ЕУ, највисока просечна лата има во Данска каде месечно се исплаќаат во просек по 3.309 евра. На второ место е Луксембург со 3.159, а на трето Шведска со 2.570 евра. Во Германија просечната месечна плата изнесува 2.270 евра.

Најниски плати во Европа имаат Молдавците само 212 евра. Нешто повисоки плати има во Украина - 240 и во Белорусија – 337 евра.

Од земите во регионот, највисока просечна плата има во Словенија и таа изнесува 1.077 евра, а по неа следува Грција со 917, Хрватска со 827, Романија со 535, Црна Гора со 512, Србија со 460, Бугарија со 457, БиХ со 445, Албанија со 378 и Македонија со 376 евра.
 

Содржината е прочитана 108 пати.