Бизнис вести

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на кредитите за фирмите

Каматните стапки на новоодбрените кредити за правните лица се намалени во просек до 1,5 процентни поени

четврток, 11 април 2019

НЛБ Банка ги намали каматните стапки на новоодбрените кредити за правните лица во просек до 1,5 процентни поени.
Новите кредитни продукти се наменети за мали, средни и големи претпријатија за инвестиции во основен капитал, за обртен капитал и за трајни обртни средства. Банката воведе нови кредитни продукти и за нето извозниците, кои се акцелератор на економскиот развој во секоја земја.

Од НЛБ Банка посочуваат дека новите кредитни продукти заедно со постојниот пакет за нето извозници формираат една од најцелосните понуди на услуги за овој пазарен сегмент.

Дополнително, Банката започнува и со пласирање средства од кредитната линија од МБПР ЕИБ V, со која се дополнува понудата со кредити со фиксна каматна стапка до 12 години.

Во периодот кој следува, во фокусот на работењето на Банката ќе биде поддршката на приватниот сектор преку креирање продукти со поволни, атрактивни и кориснички прилагодени услови. Исто така, Банката ќе продолжи со финансирањето на големите проекти и инвестиции преку поддршка со tailor-made продукти прилагодени на специфичните потреби и услови на поединечните проекти.

 

Содржината е прочитана 96 пати.