Инфо

Горивата повторно поскапуваат

понеделник, 15 април 2019

Од ноќеска на полноќ повторно поскапуваат горивата. Малопродажните цени на бензините се зголемуваат за 2,5 до три денари, на дизелот за 1,5 денар од литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

За три денари ќе поскапи Еуросупер 95 и ќе се продава по 71,5 денари за литар, додека за 2,5 денари се зголемува цената на Еуросупер 98 и ќе се продава по 73 денари за литар. Малопродажната цена на Еуродизелот се зголемува за 1,5 денари и ќе изнесува 62,5 денари, додека на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 51 денар литар.

Се зголемува и малопродажната цена на мазутот и ќе се продава по 34,45 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 39 пати.