Инфо

Во сабота ќе се прска против ларви од комарци во Скопје

четврток, 09 мај 2019

Во сабота ќе се спроведе првата фаза од авионската дезинсекција на подрачјето на Скопје, против ларви од комарци. Од Градот информираат дека прскањето ќе се изврши во раните утрински часови.

Доколку временските услови не дозволуваат да биде спроведена дезинсекцијата, тоа ќе се направи во истиот термин првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.
 

Содржината е прочитана 70 пати.