Инфо

Пари со новото име на државата во оптек од почетокот на 2020 година

Најпрво ќе бидат пуштени во оптек банкнотите со апоени од 500 денари, а потоа и оние од 10 денари

четврток, 09 мај 2019

Парите со новото име на државата ќе бидат пуштени во оптек од нова година. Како што соопшти денеска гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска најпрво ќе бидат пуштени банкнотите со апоени од 500 денари, а потоа и оние од 10 денари.

„Парите имаат природен циклус на искористување што ќе се земе предвид при пуштањето на новите банкноти, но ќе се води сметка и за потребата од пуштање нови пари“, рече Анегеловска-Бежоска.

Одговорајќи на новинарско прашање, гувернерката истакна дека новите банкноти нема да бидат испишани двојазично, но за тоа ќе има дополнителни консултации согласно законската и уставната рамка. Таа рече дека во моментов парите содржат симболи од албанската култура.
 

Содржината е прочитана 48 пати.