Култура

Едвард Лакман годинашен добитник на Златна камера 300 за животно дело на „Браќа Манаки“

Годинашното јубилејно 40. Издание на Интернационалниот фестивал на филмск камера ќе се одржи од 14 до 21 септември

среда, 05 јуни 2019

Американскиот кинематограф и режисер Едвард Ед Лакман е годинашен добитник на Златна камера 300 за животно дело на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки“.

Директорката на „Браќа Манаки“, Гена Теодосиевска на денешната прес-конференција посветена на 40. јубилејно издание на фестивалот кое ќе се одржи од 14 до 21 септември истакна дека Ламан, кој ги снимил филмовите „Керол“ со Кејт Бланшет и „Ерин Брокович“ со Џулија Робертс е човек од кој може многу да се научи за филмската уметност и воопшто за историјата на филмот.

„Човек со кој многу лесно ќе воспоставите контакт, човек од кој можеме многу да научиме за филмската уметност и воопшто за историјата на филмот. Тој е оној на кој ние се надевавме дека ќе го добиеме“, рече Теодосиевска.

Уметничкиот директор на Фестивалот, Благој Куновски-Доре рече дека Лакман е во врвот на американските и светски кинематографи и оти токму затоа на овој јубилеј со задоволство му го даваме нашиот оскар симболично.

„Иако физички хендикепиран, тој импресионира со својата креативна енергија од своите почетоци, на стартот на 1970-те години од минатиот век. Лакман е со децении е во врвот на американските и светските кинематографери, со неколку филмови оскаровски кандидати за кои требаше да добие макар еден Oскар, но заврши со две номинации. Затоа ‘Браќа Манаки’ токму на својот јубилеј му го дава нашиот ‘Оскар’, што апсолутно го заслужи“, рече Куновски.

Директорката Теодосиевска потсети дека фестивалот ја доби наградата од Меѓународната федерација на кинематографери-ИМАГО за исклучителен придонес во промоцијата на филмската уметност.
 

Содржината е прочитана 55 пати.