Инфо

„Кромберг & Шуберт“ повторно е лидер во државата покажувајќи дека позитивни резултати се можни и дома

Најголемата компанија во пелагонискиот регион , која во своето „семејство“ брои над 6.500 вработени, покрај бројните позитивни карактеристики, се одликува, пред се, со односот кон вработените и со третманот и грижата што ги добива секој што работи таму

петок, 07 јуни 2019

 

Битолската компанија „Кромберг & Шуберт Македонија ДООЕЛ“ повторно е прва и трендсетер во државата покажувајќи и докажувајќи дека позитивни резулати се можни и во економијата и во бизнисот во Македонија.

Резултатите доаѓаат сами по себе секогаш кога се работи со срце, душа и посветено. Оттаму, „Кромберг & Шуберт Македонија ДООЕЛ Битола“ стационирана во индустиската зона „Жабени“ која во своето „семејство“ брои повеќе од 6.500 вработени од цел пелагониски регион се одликува, пред се, со третманот кој го добиваат вработените. Oдделот за Човечки ресурси во компанијата, свесен дека токму вработените се клучната алка во производниот синџир, максимално се посветува и вложува во мотивираност и развивање на потенцијалот на човечкиот фактор, се со цел да се постигнат зацртаните цели и планови за на крајот, бенефитот од тоа да го почувствуваат сите.

Филозофијата според која се води оваа компанија е градење заедништво, слога и припадност, каде секој придонесува согласно индивидуалните способности и обврски, знаење и искуство, преку тимска работа и позитивен однос за доброто на целата организација и сите нејзини членови. Неспорно е дека вработените уживаат многу поволности како што се: редовно покачување на платата, организиран превоз, обезбеден оброк, можности за унапредување, бројни деловни патувања ширум светот, посетување обуки, купување производи на рати или по намалени цени, присуство на забави, културни настани, хуманитарни акции за поддршка на оние на кои им е најпотребна помош, спортски активности кои се организирани во нивна чест и многу други работи.

Сепак, најзначаен е фер и коректниот однос кој го има компанијата кон своите вработени, за што најголема заслуга има Одделот за Човечки ресурси и секако, целиот менаџерски тим кој секојдневно дише и работи во интерес за своите вработени.

КШМК е компанија која е посветена да им обезбеди на своите вработени нешто повеќе секоја година. И, не само што се воведуваат разни бонуси, туку досега повеќекратно ги зголеми платите и со тој чекор само потврди дека КШМК заслужено ја носи титулата трендсетер во мисијата за среќни и задоволни вработени! Најголемата компанија во пелагонискиот регион веќе покажа како правилно може да се работи воведувајќи бројни новитети во начинот на работење и управување кои денес се пример за многу компании. „Крошу ефектот“ веќе се рефлектира во бројни активности што ги спроведуваат другите компании како што се организирањето отворени денови, креирањето апликации за вработување, отворање на вратите за децата на вработените и слично.

Истовремено, „Кромберг & Шуберт“ досега безброј пати се докажа како исклучително општествено одговорна компанија која редовно и посветено поддржува и одвојува средства за општествено корисни проекти и настани, како здравствена грижа за населението, грижа за децата, за образованието, медицински третмани за поединечни граѓани на кои тоа им е потребно, како и многу значајни културни и спортски настани во Битола и пошироко.

Но, компанијата дополнително работи и на други проекти чија цел е да се поттикне желбата и мотивацијата дека и тука, дома може да се живее добро и дека сите имаме одговорност и должност да помогнеме во градењето на нашето општество, на сопствената држава и на иднината на сите нас.


 

Содржината е прочитана 140 пати.