Бизнис вести

Фирмите и граѓаните должат 8,9 милијарди денари за даноци и придонеси

Споредено со мајската листа, долгот што го објави УЈП за јуни е поголем за над 245 милиони денари

вторник, 11 јуни 2019

„11 Октомври-Еурокомпозит“, винарската визба „Повардарие“, „Трансмет“, како и Општина Карпош, Македонската радио телевизија, јавното претпријатие „Билјанини извори“ се меѓу должниците кои на државата и должат вкупно 8,95 милијарди денари за неплатени даноци и приоднеси.

На долгата јунска листа од 1.937 правни и 2.524 физички лица има веќе добро познати имиња на јавни и на приватни компании, државни претпријатија и на приватни лица, но и нови должници.

Споредено со мајската листа, долгот што го објави УЈП за јуни е поголем за над 245 милиони денари. Нето долгот за даноци и придонеси изнесува 8,79 милијарди денари, а над 146 милиони денари е долгот за царински давачки.

Листата се однесува на долгови доспеани до 28 февруари и неплатени до 31 мај 2019 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност и повисок од 300.000 денари за правните лица.
 

Содржината е прочитана 38 пати.