Бизнис вести

Д-р Маја Стевкова Штериева е назначена за прв човек на Македонската Банкарска Аоцијација

Новиот претседател на МБА е актуелен главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје

среда, 12 јуни 2019

Д-р Маја Стевкова Штериева e нов претседател на Македонската Банкарска Асоцијација (МБА). Таа доаѓа на местото на Коста Митровски, кому мандатот му заврши предвреме поради, како што пропишува статутот на МБА, престанок на неговата функција како член на управен одбор на банка.

„Благодарам на довербата што ми ја укажавте да ја предводам оваа значајна асоцијација. Македонската банкарска асоцијација е важен чинител во банкарскиот сектор во државата и иако дејствува како самостоен субјект релативно кратко време, во изминатиот период реализираше повеќе значајни активности. Во наредниот период ќе продолжиме со активностите и со програмите кои МБА ги практикуваше досега, но ќе се обидеме да воведеме и некои нови програми и проекти кои ќе придонесат за зајакнување на банкарскиот сектор, негово унапредување и доближување кон сите засегнати страни, што е и една од основните улоги на МБА“, рече Штериева по назначувањето на новата функција.

Д-р Маја Стевкова Штериева е актуелен главен финансиски директор и член на Управниот одбор на Комерцијална Банка АД Скопје
 

Содржината е прочитана 126 пати.