Инфо

Бензиите поскапуваат за половина денар, дизелот поевтинува исто толку

понеделник, 08 јули 2019

Цените на бензините од ноќеска на полноќ се зголемуваат за половина денар, додека на дизелот се намалува за половина денар по литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа знечи дека новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 69 денари за литар, на ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе биде 71 денар, а на дизелот 61 денар за литар.

Малородажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство ќе изнесува 50,50 денари за литар, а на мазутот 34,739 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 95 пати.