Инфо

Патарината во Србија поскапе за 12 отсто

Возењето по Коридорот 10 од Прешево до Белград ќе чини 1.500 динари, односно околу 13 евра во еден правец, а ако се патува до Унгарија ќе треба да се доплатат уште 627 динари, или околу 5 евра колку што чини патарината од Белград до Суботица

вторник, 09 јули 2019

Возењето низ Србија поскапе драстично откако српскиот Парламент ја усвои одлуката за зголемување на патарините во целата земја за 12 проценти. Од тамошната власт го оправдуваат поскапувањето со делумно усогласување со барањето на Европската унија според кое цената на патарината треба да ги покрива реалните трошоци за одржување на патната инфраструктура.

Македонските граѓани кои патуваат по Коридорот 10 од Прешево до Белград, според новиот цеовник возењето ќе ги чини 1.500 динари, односно околу 13 евра во еден правец. Најскапа е патарината кај Ниш која изнесува околу 900 динари.

Ако се патува кон Унгарија, пак, еден правец од Белград до Суботница, односно кон унгарската граница ќе чини 627 динари, или околу 5 евра. Патарината од Белгад до Нови Сад е 235 динари.
 

Содржината е прочитана 86 пати.