Култура

Виолинистката Ванеса Меј и Филхармонија утре ќе го отворат „Охридско лето“

На реконструираната сцена на прекрасниот Антички театар во Охрид, Меј ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и вокални солисти од Националната опера, под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров од Бугарија

четврток, 11 јули 2019

Светски популарната виолинистка Ванеса Меј, утре, 12 јули со почеток во 21 часот ќе го отвори 59-тото издание на фестивалот „Охридско лето“.

На реконструираната сцена на прекрасниот Антички театар во Охрид, Британката Меј, која го носи епитетот светско чудо, ќе настапи заедно со оркестарот на Македонската филхармонија и вокални солисти од Националната опера, под диригентската палка на маестро Иван Кожухаров од Бугарија.

Ванеса Меј стекна светска слава поради виртуозноста, но особено поради нејзиниот оригинален пристап на свирење на виолина, создавајќи фузија од класика со џез и електроника, со цел да ја доближи класичната музика до поширокиот круг слушатели. На само 13 години таа стана првиот солист на виолина на таа возраст што одржал концерт во Лондон, а подоцна, токму нејзиниот микс од т.н. техно и класика ѝ донесе милиони продадени албуми во светот. Во 2006 година беше прогласена за најбогата музичарка под 30 години.
 

Содржината е прочитана 117 пати.