Мода

Неверојатен попуст во „Кадора“, се до 30 проценти

Попустот ќе трае во текот на цел август

вторник, 30 јули 2019

Се уште се двоумите каде би го купиле невестинскиот фустан, а вашата венчавка е за некој месец?

Не размислувајте долго, препуштете се на тимот професионалци и дозволете им тие да ви помогнат. Девојките од модниот салон „Кадора“ не само што ќе ви ја тргнат маката, туку и ќе ви дадат попуст од 20 проценти ако нарачате невестински фустан и дури 30 проценти доколку одлучите да купите веќе готов фустан од колекцијата која имавте можност да ја видите на овогодинешниот Саем на венчавки.

Гламурозните фустани исполнети со фасцинантни детаљи, луксузни тантели и квалитетни материјали се лесни за носење за да можете да уживате во вашата прослава и да блескате на денот на вашата венчавка.

Да Ве потсетиме, салонот е на самиот паркинг на Сојуз на Синдикати во Скопје.

Додека некои девојки се подготвуваат за својот летен одмор и се растрчани барајќи каде би заминале на летовање, вие не се двоумите, спокојно посетете го салонот на „Кадора“ и искористете го попустот кој ќе трае и цел август.
Сигурно ќе најдете фустан за вашиот најсреќен ден!
 

Содржината е прочитана 67 пати.