Бизнис вести

Министерство за финансии: 236,4 милиони евра поврат на ДДВ во првите седум месеци

Повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јули годинава е поголем за околу 14,5 отсто во однос на лани

понеделник, 05 август 2019

Преку 14,5 милијарди денари или 236,4 милиони евра се инјектирани во стопанството во првата половина од годинава, преку редовен и неселективен поврат на ДДВ кон фирмите. Според податоците на Министерството за финансии, повратот на ДДВ кон фирмите заклучно јули е поголем за околу 14,5 отсто во однос на лани.

Заменик министерката за финансии, Ширет Елези вели дека со редовниот и неселективен поврат на ДДВ се подобрува ликвидноста на фирмите, а тоа е значајно за нивно непречено оперативно работење, како и за нивната инвестициска активност.

„Во споредба со претходната година извршен е поврат на ДДВ кон фирмите за 30 милиони евра повеќе. Тоа е уште еден аргумент дека имаме зголемена наплата на даночните приходи, дека ликвидноста е во најдобар ред и со тоа навремено се сервисираат сите обврски“, рече заменик министерката за финансии, Ширет Елези.

 

Содржината е прочитана 88 пати.