Инфо

Горивата поевтинуваат за два и за три денари по литар

понеделник, 12 август 2019

Од ноќеска на полноќ горивата ќе се продаваат по пониски цени за два, односно, три денари од литар, одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Малопродажните цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 3,00 денари по литар. Со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66,50 денари, додека на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 68,50 денари литар.

ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поевтинуваат за 2,00 денари, па литар дизел ќе се продава за 60,00 денари, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) по 50,00 денари.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намалува за 2,982 денари за килограм и сега ќе изнесува 32,361 денари.

 

Содржината е прочитана 101 пати.