Македонија

Основните животни трошоци за едно семејство во јули изнесуваат 531 евро

Податоците на ССМ покажуваат дека најголем процент од месечните трошоци, дури 73,45 отсто одат за храна и за сметки, односно, од 32.710 денари, 23. 983 днари, или 390 евра се за исхрана и за сметки

вторник, 13 август 2019

На едно четиричлено семејство за задоволување на основните животни трошоци во јули му биле потребни во просек 531 евро, покажуваат најновите податоци за минималната кошничка кои ги подготвува Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

Во сумата за основните животни потреби на едно семејство се вклучени трошоците за храна, за сметки, за превоз и за здравје. Најголем процент од месечните трошоци, дури 73,45 отсто одат за храна и за сметки, односно, од 32.710 денари, 23. 983 днари, или 390 евра се само за исхрана и за сметки.

Пресметките на ССМ покажуваат дека едно четиричлено семејство месечно троши по 13.574 денари за исхрана и пијалаци, за домување му се потребни 10.409 денари, за хигиена 2.306 денари, за превоз 2.408, за облека и обувки 2.177, за култура 1.070 денари, а најмалку за одржување на здравјето само 706 денари.

Инаку, околу 70 отсто од вработените во Македонија земаат минимална плата од 12.507 денари, или 203 евра.
 

Содржината е прочитана 35 пати.