Инфо

И оваа недела бензините со иста цена, дизелот пак поскап половина денар

понеделник, 26 август 2019

Како и минатата седмица, цените на бензините нема да се менуваат оваа недела, додека дизелот повторно ќе поскапи за половина денар по литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Тоа значи дека литар Еуросупер-95 и понатаму ќе чини 66,50 денари, а литар Еуросупер-98, пак, 68,50 денари.

Од вечерва на полноќ еден литар Еуродизел ќе се продава по 61,00 денари.

 

Содржината е прочитана 40 пати.