Бизнис вести

„Еуросиг Скопје“ станува членка на австриската групација ГРАВЕ

Покрај животното осигурување ГРАВЕ сега ќе понуди и неживотно осигурување, односно, најразлична палета осигурувања

вторник, 27 август 2019

Осигурителната компанија „Еуросиг Скопје“ станува членка на австриската групација ГРАВЕ. Покрај животното осигурување ГРАВЕ сега ќе понуди и најразлична палета осигурувања.

„Јас можам да Ве известам дека на денешното Собрание на акционери одлучивме и веќе ја превземавме осигурителната компанија ’Еуросиг’, која сега е во 100 процентна сопственост на ГРАВЕ. Така што, ние сега како компанија во Македонија сме застапени не само со животно осигурување, туку и со неживотно, значи имаме и осигурување од штети“, рече вчера Отмар Едерер, претседател на ГРАВЕ.

На македонскиот пазар ГРАВЕ постои 12 години со повеќе од 17.000 клиенти и пазарен удел од 30 проценти во овој осигурителен сегмент.
 

Содржината е прочитана 42 пати.