Бизнис вести

Семинари во „Арс Луцида“ за рефокусирање на вашата енергија

Нови почетоци и предизвици во „Арс Луцида“ – во септември продолжуваме со рефокусирање на енергијата кон подобри резултати и поголема продуктивност која нѐ очекува овој месец. Почнуваме со два многу интересни настани.

среда, 04 септември 2019

 

 

Семинарот „Скаларни бранови – ниво 1“ и индивидуални сесии за „Читање и балансирње на Аура“.

Нашите верни пријатели од алтернативниот центар „АУРАНЕТ“ - Крагуевац ќе ги одржат овие интересни два настани во Арс Луцида.

Станува збор за Скаларни бранови Ниво 1 – Сертифициран семинар од 06-08.09.2019

За тие што не слушнале што е скаларна енергија, тоа е не-линеарна и не-херцијанска енергија. Има капацитет да ја пренесува информацијата. Таа меѓу другото не слабее поминувајќи низ времето или просторот.  Човечкиот мозок ги користи овие вибрации за комуницира со себе и со остатокот од телото. Постојат 4 класификации на мозочни бранови - Бета, Алфа, Тета и Делта. Скаларната енергија е способна да ја промовира Алфа фреквенцијата во мозокот. Тогаш мозокот резонира на истата вибрација како полето на земјината енергија и во состојба е да ги зголеми овие вибрации.

 

На почетокот на семинарот, секој учесник ќе добие испечатен извештај (фотографија) од својата енергетска состојба на аурата и чакрите направен на апаратот AURA VIDEO STATION 5.1 на кој ќе може да се видат енергетските блокади и дисбаланси настанати за време на целиот ваш живот.

Овие блокади се причината поради која животот не ни оди во посакуваната насока!

Семинарото се состои од:

 

1. Практични вежби кои го олеснуваат совладувањето на техникатa
2. Вовед во самата техика на самоисцелување
3.Потврдување на научената техника на апаратот AURA VIDEO STATION 5.1 – Полагање.
4. ПОТВРДА – СЕРТИФИКАТ за успешното усвојување на техниката

 

 

 

 

Каква боја е вашата АУРА? Што кажува таа за вас?
Какви блокади имате во во вашата енергетска анатаомија?

Со 1 часовната психоенергетска анализа довиена од најсовремениот апарат AVS 5.1 од областа на биофидбек технологијата која ги регистрира енергетските блокади во аурата и чакрите настанати како последица од лоши мисловни и емоционални обрасци во текот на животот.
Овие блокади неминовно водат до:
• хроничен замор и безволност,
• депресија и чувство на безнадежност,
• очај, несигурност, страв,
• лоша комуникација и нарушени односи во семејството,
• работното опкружување, блокади во заработката,
• потполно отсуство на идеи за промена во животот кон саканиот правец.

Силната и хармонизирана аура е предуслов за живот, исполнет со здравје, среќа и благосостојба!
Иако на прв поглед изгледа дека телото е материјално, сепак, не е баш. Подлабоко гледано, телото е енергетско поле. Гледајќи низ молекулите од кои е направено телото, можеме да видиме енергетско поле.
Во секоја култура и во секој традиционален медицински систем, исцелувањето е постигнува преку работа со енергијата на телото/системот, која е под влијание на нашите животни искуства и реагира на истите со промена на количината и фреквенцијата.

Доколку сакате да навлезете во суптилниот свет на енергијата и да ја совладате древната уметност и наука „Pranic Healing“ ве очекуваме во Арс Луцида, во викендот на 21.09 и 22.09.
Семинарот е дизајниран на практикантите да им даде целовити основни знаења од областа на енергетското исцелување и други Езотериски науки.
Методите се едноставни и лесни за учење; секој може да научи и применува Pranic Healing за многу кратко време. Не се потребни претходни знаења.
Со овој сертифициран курс ке научите како да ја користите праната за надополнување на другите медицински третмани. Истата делува како моќен катализатор во поттикнување на природната способност на телото за регенерација и ревитализација.

По завршувањето на овој курс вие ќе добиете интернационален сертификат од Institute for inner studies inc. за завршен прв степен од Pranic Healing®.
 

Кога би се разбудиле утре наутро без минато, без ограничувања, без очекувања...
Каков избор би направиле?

Access Bars® е модалитет на нежен допир, кој бил претставен од Гери Даглас во раните 1990 години. Се состои од 32 енергетски решетки кои водат низ и околу нашата глава. Овие решетки се поврзуваат во специфични “барс точки” кои се во заемна врска со различни области и аспекти во животот. Во тек на Access Bars® сесијата, практикантот нежно ги допира овие точки за да ослободи електромагнетски набој на сите мисли, идеи, ставови, одлуки и верувања кои може да ве ограничуваат во засегнатите животни области.
Денес Access Bars® се практикува во повеќе од 170 земји ширум светот, како моќна и прагматична алатка од семејствата, училиштата, бизнисите, спортистите, психолозите, уметниците и многу други.
Станува збор за е еднодневен курс од 8 часа. Тренерот ќе ви обезбеди содржински прирачник и детални шеми на главата за да ви помогне во учењето на Access Bars® и станувањето Access Bars® практикант. Додатно за учењето на Access Bars®, прирачникот е преполн со техники кои го менуваат животот.
Овој курс е многу повеќе од учење на нов енергетски модалитет...
Доколку сте доволно храбри и спремни за комплетна промена, на 26.09 ве очекуваме на Access Bars® сертифицираниот семинар.

Но што се случува со нас кога ќе постигнеме баланс на сите нивоа, физичко, емоционално, ментално и енергетски? Дали тоа е предуслов за успешен, исполнет и среќен живот?

Знаете ли Што Ви Потребно За Среќа? Токму ова е и насловот на нашата следна работилница.
Насловот на работилницата зборува за среќа, но истовремено зборот среќа може да се замени и со
• успех,
• кариера,
• изобилство,
• напредок,
• здравје во секоја смисла.

На 28. 09 во нашиот центар за личен развој Арс Луцида би сакале да ве слушнеме и да знаеме што вам ви е потребно за да живеете исполнет живот, и би можеле да ви понудиме потенцијални решенија или алатки за изнаоѓање на истите.
Би сакале да ви предложиме како тоа и да го постигнете.
Да се најдеме на пола пат!
Дозволете нѝ да ви се претставиме и заедно да отвориме нови врати и нови можности!

Бидете нежни. Имајте сочуство за себе. Бидете добри за себе и негувајте се. Почувствувајте го своето срце и дозволете од вас да се излива љубов и милост.


 

Содржината е прочитана 95 пати.