Саем

Органска храна - Меѓународен саем на органски производи и традиционална храна

На 21 септември во Куманово во рекреативниот центар - спортска сала со почеток во 10.00 часот ќе биде отворен меѓународниот саем на органски производи и традиционална храна. Се одржува во организација на здружението "ЖИВОТ" и со поддршка на министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство и има за цел подигнување на јавната свест за потребата на одржлив начин на живот.

петок, 13 септември 2019

 

 

 

Саемот ќе се одржи на ден 21.09.2019 (Сабота) во Куманово во рекреативниот центар - спортска сала со почеток во 10.00 часот. Ќе биде и официјално отворен со обраќања на претстедателот на здружението „Живот“ Г-ѓа Благица Гавриловска-Цветковиќ, Министерот за Земјоделие, шумарство и водостопанство Г-дин Трајан Димковски, Нејзината Екселенција Г-ѓа Сибил Сутер Техада, Амбасадорка на Швајцарија во РСМ и Нејзината Екселенција Г-ѓа Душанка Дивјак Томиќ, Амбасадорка на Р. Србија во РСМ. Саемот ќе трае до 18:00 часот. Влезот на саемот е бесплатен.

 

Настанот иако е еднодневен, поделен е во повеќе сегменти.
7.1. Изложбено-продажен дел каде што ќе бидат поставени штандовите на кои што учесниците ќе ги изложат и презентираат своите производи, а посетителите ќе можат да ги дегустираат.
7.2. Ќе се одржат работилници и предавања и ќе се отвори панел дискусија со еминентни нутриционисти, професори, сертификатори, успешни производители и оператори со органски и традиционални производи.
7.3. Во рамките на манифестацијата ќе биде поставена органска трпеза за дегустација каде што посетителите ќе имаат можност да ги вкусат органските производи
7.4. Ќе има уште неколку национални трпези приготвени од членовите на различни национални здруженија
7.5. Во истиот простор ќе биде поставена и кујна, каде што јадењата приготвени од страна на реномираниот шеф Марк де Јонг ќе може да се вкусат.
7.6. На настанот ќе има посебен простор каде што ќе се овозможат B2B средби помеѓу производители, преработувачи и извозници.
7.7. Како завршен дел на манифестацијата предвиден е концерт со настап на три локални музички уметници од Македонија и една од Р. Србија. 


Настанот е прв од ваков карактер и се организира по втор пат, а се настојува истиот да прерасне во традиција. Оваа година, покрај учесниците од Македонија, свое учество досега ни потврдија и оператори со органска храна од други земји, од кои 5 здруженија од Р. Србија со 21 организација, 4 хрватски здруженија со свои компании, 1 здружение на Ерменци и 1 здружение на Унгарци, со што манифестацијата се здоби и со меѓународен карактер. Официјална потврда за учество очекуваме од претставници од Р. Бугарија, Словенија, Чешка, Словачка, Турција, Германија и Русија. Покрај операторите со храна, свој интерес за учество на манифестацијата пројавија и компании што се занимаваат со производство и трговија на опрема и амбалажа за преработка, пакување, обележување и следење на прехрамбени производи, како и производители и увозници на препарати и ѓубрива за органско производство, печатени и електронски медиуми и ТВ куќи, стопански комори од земјата и од странство, како и дипломатски претставништва и амбасади, со што самата манифестација прераснува во саем. На манифестацијата ќе земат учество и експерти за рурален и земјоделски развој, како и претставници од секторот за развој на руралниот туризам, кои што ќе ја презентираат моменталната состојба на теренот, ќе покренат дискусија и ќе дадат препораки за понатамошни мерки и чекори за подобрување на животот во руралните средини. Идејата за организирање на оваа манифестација потекнува од целите и приоритетите на здружението за развој на земјоделство и заштита на животната средина преку истражување, едукација и одржување на биодиверзитет „ЖИВОТ“ од Куманово. Во низата на приоритетни цели на здружението покрај другите се набројуваат зачувување, одржување, заштита и обновување на биодиверзитетот, заштита и одржливо користење на природните ресурси, заштита на животот и здравјето на луѓето, промовирање на разновидна, квалитетна и безбедна храна, промовирање на одржливи практики во земјоделството и екологијата, како и подигнување на јавната свест за потребата од одржлив начин на живот. Од низа на активности за постигнување на овие цели, се роди идејата за организирање на оваа манифестација. 

Настанот има повеќе цели.
- Подигнување на јавната свест за вредноста на органските производи
- Зголемување на јавната свест за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат органските производители од руралните средини и изнаоѓање на начини за нивно надминување;
- Запознавање на граѓаните со производителите и производствените капацитети на органски производи во Македонија
- Промовирање на програмите на Министерството за земјоделие, шумарство и водостопанство, како и можностите за аплицирање;
- Воспоставување на мрежа и вмрежување на клучните засегнати страни за континуирана соработка, информирање и размена на добри практики во областа на органско производство,
- изнаоѓање и надминување на предизвиците и проблемите со кои се соочуваат производителите на храна во руралните средини во областа на мерки и практики за производство и зголемено вработување, мерки за вработување, но и задржување и поврзување на традициите и зачувување на биодиверзитетот.
- Една од приоритетните цели на оваа манифестације е да им се даде видливост на органските производи и производители.


Согласно поставените цели,резултатите што ги очекуваме се следниве:
- зголемена видливост на вредноста на органските производи и производители на храна од руралните средини, односно проблемите и предизвиците со кои тие се соочуваат на локално ниво,
- зачувување на старите автохтони семиња и традиционална храна и изработка на традиционални производи
- одржување на биодиверзитет
- зголемена соработка помеѓу Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и локалното население во однос на програмите и отворање на нови можности
- воспоставена соработка и размена на искуства помеѓу различни релевантни чинители како што се МЗШВ, локални самоуправи, производители на храна од руралните средини, граѓански организации, младински здруженија, маргинализирани групи, образовни институции, медиуми и други засегнати страни

 

Рокот за пријавување сеуште е отворен. Заинтересираните учесници може да се пријават најдоцна до 18.09.2019 год, поради уредување на просторот.

 

Содржината е прочитана 448 пати.