Саем

Vivax заедно со MS Start и MS Energy од M SAN претставени на IFA 2019 во Берлин

На 50 квадратни метри од модерно дизајнираниот изложбен простор во павилјон 25 од Берлинскиот IFA саем беа изложени повеќе од сто производи

среда, 18 септември 2019

Брендовите Vivax, MS Start и MS Energy заедно го претставија својот асортиман на публиката во ЕУ на најзначајниот саем за потрошувачка електроника во светот, IFA 2019 во Берлин.

„Претставувањето на Vivax производите на овој светски саем е јасен показател за сериозноста на нашето работење и долгогодишниот метод на работа во градење на квалитетот на нашите производи. Овој сигурен систематски пристап во работата е проследен од двата наши млади бренда MS Start и MS Energy“, вели Владимир Бркљача, извршен директор на одделот за овие брендови во склоп на M SAN групата.

Тој потенцира дека Vivax веќе 15 години е препознатлив на територија на Хрватска и соседните држави како бренд кој има одличен баланс помеѓу цената и квалитетот и успешно работи во Адрија регионот, чија цел е во наредниот период да го развие работење на пазарите во средна и северна Европа. А, паралелно продолжува со развојот на своето работење на големите пазари на западна Европа како што се Германија, Франција, Италија и Шпанија.

„Паком Компани како член на M San групација е водечки дистрибутер во Македонија и е присутен на пазарот од 1991 година со најголема партнерска мрежа со повеќе од 500 партнери. Во своето портфолио има повеќе од 15.000 производи од над 50 познати производители меѓу кои се и сопствените брендови Vivax, MS Start и MS Energy“, вели продукт менаџерот за Vivax во Македонија, Филип Трифуновски

На 50 квадратни метри од модерно дизајнираниот изложбен простор во павилјон 25 од Берлинскиот IFA саем беа изложени повеќе од сто производи и притоа беа одржани бројни работни состаноци и договори со дистрибутери и корисниците на територијата на ЕУ, Русија и Блискиот исток.

На IFA 2019 саемотVivax го претстави целиот асортиман на производи, од широко познатите и повеќекратно наградените Vivax клима уреди од Best Buy и QUDAL, Vivax малите куќни апарати па сѐ до Vivax телевизорите признаени од корисниците. На саемот ќе се претстави и најновиот Vivax Pure Sound паметен телевизор кој доаѓа од сопственото производство на ТВ уреди сместени во Ругвица, веднаш до Загреб.
 

Содржината е прочитана 178 пати.