Култура

Познати добитниците на државната награда „11 Октомври“

Награда за животно дело ќе им биде доделена на актерот Петар Мирчевски, на академик Љупчо Коцарев и на писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски

среда, 02 октомври 2019

Највисокото признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и другите дејности од јавен интерес „11 Октомври“ годинава ќе им биде доделена на Петар Мирчевски, актер од Битолскиот театар, на академик Љупчо Коцарев и на писателот и ликовен уметник Димитри Дурацоски.

Како што објави Министерството за култура, Мирчевски и Дурацоски ја добија наградата „11 Октомври“ за животно дело во областа на културата и уметноста, додека Коцарев за животно дело во областа на науката.

Државната награда на годинашните добитници ќе им биде врачена на 11 октомври во Собранието.

 

Содржината е прочитана 59 пати.