Култура

Конкурирајте за „Роман на годината“ до 15 јануари 2020

вторник, 24 декември 2019

Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“ го распиша годинашниот конкурс за наградата „Роман на годината“ која ќе биде доделена по 21-ви пат.

Конкурсот трае до 15 јануари 2020 година, а право на учество имаат сите романи кои првпат се објавени на македонски јазик во 2019 година.

Романите треба да се достават во пет примероци во читалницата „Славко Јаневски“ во Скопје (ул. „Димитрие Чуповски“ бр. 23/1-1), или на поштенска адреса на Фондацијата (бул. „Кузман Јосифовски Питу“ 19/6-40, Скопје).

Наградата се состои од паричен износ од 150.000 денари, статуетка и плакета. Петчлената жири-комисија ќе го соопшти лауреатот најдоцна на 15 март 2020 година.

„Роман на годината“ е книжевна награда што до пред три години ја доделуваше редакцијата на „Утрински весник“.
Пренесено од МИА
 

Содржината е прочитана 117 пати.