Култура

Ексклузивен концерт на Раде Шербеџија во Скопје

вторник, 24 декември 2019

Македонската публика ќе има убава можност да ужива во ексклузивниот концерт на најголемиот боем од балканските простори, Раде Шербеџија што ќе се одржи на 25 февруари во Македонската филхармонија.

Шербеџија доаѓа во Скопје со концептот „Ти би хтјела пјесмом да ти кажем“, а во придружба од од неговиот бенд „Западни колодвор“ од Загреб ќе настапи и со репертоар во кој ќе ги има сите класици како: „Не дај се Инес“, „Мени се душо од теби не растаје“, „Чекај ме“, „Имам пјесму за тебе“ и др.

Влезниците за концертот на Раде Шербеџија ќе бидат пуштени во продажба утре (25.12) наутро, по цена од 1.500 денари и ограничен број на ВИП влезници по цена од 2.000 денари и истите ќе бидат достапни за купување во Avalon music & ticket store во ГТЦ, продажната мрежа на Авалон низ Македонија и онлајн.
 

Содржината е прочитана 280 пати.