Инфо

Паркингот во Центар поскапува за 20 денари од 8 јануари

Поскапувањето се однесува само на паркирањето од час, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ПОЦ остануваат исти

петок, 03 јануари 2020

Од 8 јануари паркирањето на паркиралиштата со кои стопанисува ЈП Паркинзи на Општина Центар (ПОЦ) поскапува за 20 денари од час. Со новиот ценовник, за паркинг на паркиралиштата на ПОЦ ќе се плаќа 50, 60 и 70 денари, во зависност од зоната.

Поскапувањето се однесува само на паркирањето од час, додека цените за месечниот билет, дневната паркинг карта и останатите услуги на ПОЦ остануваат исти.

Жителите на општина Центар и понатаму ќе можат бесплатно да ги користат комерцијалните паркиралишта и монтажните гаражи со кои стопанисува ПОЦ.

Одлуката за поскапувањето е донесена на последната седница на Советот на Општина Центар во 2019 година и неа гласаа сите советници. Од претпријатието велат дека новиот ценовник е со цел да се намали бројот на паркирани возила во централното градско подрачје со што на жителите на општината ќе им се овозможат улсови за похумано живеење

ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ апелира до сите граѓани кои не се жители на Центар да ги остават своите автомобили и да го користат градскиот и алтернативниот превоз (велосипеди, електрични тротинети и т.н.) со кој, како што велат, значително ќе се реши сериозниот проблем со паркирањето во Општина Центар, како и проблемот со загадувањето на воздухот и животната средина.

 

Содржината е прочитана 291 пати.