Инфо

Горивата поевтинуваат за половина денар

среда, 08 јануари 2020

Цените на горивата поевтинуваат за половина денар од литар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.

Од ноќеска на полноќ малопродажната цена на „Еуросупер БС-95“ ќе изнесува 68 денари, на „Еуросупер БС-98“ ќе биде 70 денари за литар, а дизелот ќе се продава по 62,5 денари за литар.

Новата цена на Екстра-лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе изнесува 51,5 денар за литар.

За 0,305 денари се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС, па килограм ќе се продава по 38,548 денари.

 

Содржината е прочитана 231 пати.