Инфо

Денес почнува Европското првенство во ракомет за мажи

Македонските ракометари својот прв дуел ќе ги имаат утре со Украина, на 12 јануари се среќаваат со Чешка, а на 14 јануари противник ќе им биде Австрија

четврток, 09 јануари 2020

Со натпреварите Белорусија – Србија и Германија – Холандија вечер од 18 часот и 15 минути ќе биде отворено Европското ракометно првенство за мажи, кое од 9 до 26 јануари ќе се одржи во Австрија, Шведска и Норвешка.

Меѓу 24-те репрезентации кои ќе учествуваат на шампионатот е и Македонија. Селекциите се поделени по четири во шест групи , а македонската репрезентација ќе игра во Б-групата заедно со Чешка, Украина и домаќинот Австрија. Својот прв дуел македонските ракометари ќе ги имаат утре со Украина, на 12 јануари се среќаваат со Чешка, а на 14 јануари противник ќе им биде Австрија.

Во А-групата се: Хрватска, Белорусија, Црна Гора и Србија.

Групата – Ц ја сочинуваат: Шпанија, Германија, Летонија и Холандија.

Во Д-групата се: Франција, Норвешка, Португалија и Босна и Херцеговина.

Во Е-групата се наоѓаат: Данска, Унгарија, Исланд и Русија.

Група Ф силите ќе ги измерат: Шведска, Словенија, Швајцарија и Полска.

Пласман во втората фаза обезбедуваат двете првопласирани екипи од секоја група.

 

Содржината е прочитана 242 пати.