Инфо

Горивата поевтинуваат од половина до еден денар

понеделник, 10 февруари 2020

Од ноќеска на полноќ горивата ќе поевтинат за половина, односно за еден денар по литар, соопшти Регулаторната комисија за енергетика.

За половина денар ќе се намалат малопродажните цени на бензинот Еуросупер БС-95 и на Еуродизел (Д-Е V), што значи дека литар Еуросупер БС-95 ќе се продава по 65,5 денари, додека Еуродизел (Д-Е V) по 57,5 денари.

Цената на Еуросупер БС-98 ќе се намали за еден денар и итар ќе чини 67,5 денари.

Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се намали за 1,5 денар и ќе чини 46 денари за литар.

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС, пак, ќе се намали за 2,028 денари и ќе изнесува 32,894 денари за килограм.
 

Содржината е прочитана 73 пати.